28 апрДве малолетни жртви на трговија со луѓе-Полицаец главен организатор

МВР вчера реализираше случај на трговија со малолетни лица, при што четири дена сексуално биле експлоатирани две девојки од седумчлена група на возраст од 22 до 33 години, организирана од полициски службеник, вработен во Оддел за посебни единици, единица за надворешно обезбедување на ДКП. Поради основано сомнение дека сториле кривични дела „Трговија со малолетно лице“ и „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата Трговија со луѓе, Трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти“ поднесени се кривични пријави против С.И.(1978) од Велес, С.А.(1985) од Копер – Р.Словенија, С.Ј.(1986) од Гостивар, В.Б.(1977) од Велес, а со К.Е.(1977) од Гостивар, Б.В.(1979) од Гостивар и Т.Ѓ.(1988) од Гостивар.

trg so luge

23 февОперација АЛБАТРОС- Откриен меѓународен канал за криумчарење на мигранти

Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативна акција АЛБАТРОС која траела половина година откри 19 члена криминална група од македонски и албански државјани кои во 50 наврати прокриумчариле 120 албански мигранти преку територијата на Република Македонија во Република Грција за надомест од 2000 до 2500 евра по мигрант. При апсењето на лицата откриени се и запленети 5 патнички возила со кои биле превезувани мигрантите, повеќе мобилни телефони и сим картички, фалсификувана грчка патна исправа, неколку грама опојна дрога и платежни картички. За сите лица поднесени се кривични пријави по член 418б и в и се изнесени пред истражен судија во Скопје.

albatros1

15 февПрв извештај на Националниот Известувач

Извештајот содржи податоци за борбата против трговијата со луѓе, илегалната миграција и криумчарењето мигранти во Република Македонија во 2009 година. Извештајот е достапен на македонски и англиски јазик.

Национален Известувач

NR Report-EN final version

15 февПубликација на Стратегијата и НАП 2009-2012 за борба против трговија со луѓе

Со финансиска помош на ОБСЕ, ИОМ, ИЦМПД и УНИЦЕФ беше публикувана Стратегијата и Националниот Акционен План за борба против трговија со луѓе и илегална миграција за периодот 2009-2012 година. Публикацијата е отпечатена на македонски, албански и англиски јазик.

NAP-makedonski

11 февГлобална кампања на ИОМ за борба против трговија со луѓе со цел трудова експлоатација

buy_responsibly_hires

YouTube Preview Image

Целата маркетинг кампања е изработена од Saatchi&Saatchi и има за цел да ја зголеми свеста за милионите работници кои се трудово експлоатирани во земјоделството, текстилната индустрија, индустријата за обувки…